Кривични пријави за двајца осомничени за инцидентот на Клиниката за дигестивна хирургија

10.11.2015 14:12

Двајцата браќа добија 5 кривични пријави, едниот за убиство во обид и за нелегално поседување оружје, а другиот за насилство, соизвршителство и напад врз службено лице...

По 30 дена притвор за двајцата приведени за вчерашниот инцидент на Дигестивна хирургија. Кај трето осомничениот не била утврдена кривина одговорност. Двајцата браќа добија 5 кривични пријави, едниот за убиство во обид и за нелегално поседување оружје, а другиот за насилство, соизвршителство и напад врз службено лице.

Причина за сторените дела била што нивната мајка починала на Клиниката. Првопријавениот поминал покрај обезбедувањето. Брат му бил сопрен од обезбедувањето на вториот кат. Со тупаници се пресметал и се качил на третиот кат каде се случи инцидентот.

По нападот врз хирургот браќата в ходник им се заканувале и на медицинскиот персонал,  а едниот од нив со столица ја искршил вратата од лекарската просторија, па се дале во бегство.

За кратко време полициските Алфи ги лишиле од слобода. В полициска станица го опишале сторените кривични дела. Едниот од браќата во крим- евиденцијата бил регистриран за тешка кражба.

Наташа Гркова- Петрушевска