Пинтуро одново прв на слаломот во Венген
Алексис Пинтуро се специјализира за слаломот во Венген. 22-годишниот француски репрезентатвиц го повтори успехот од лани! Пресудно беше извонреднотo второ возење, иако неговите изгледи беа мали по 7-то место во првиот дел со големо резултатско заостанување. На крај, со вкупно време од 1:42.87 ја извојува првата слаломска победа во сезоната од Светскиот куп. Ова е петти пат во кариерата Пинтуро да биде на почесното место на подиумот. Германецот Феликс Нојројтер беше втор со заостанување од 38 стотинки.

Алексис Пинтуро се специјализира за слаломот во Венген. 22-годишниот француски репрезентатвиц го повтори успехот од лани! Пресудно беше извонреднотo второ возење, иако неговите изгледи беа мали по 7-то место во првиот дел со големо резултатско заостанување. На крај, со вкупно време од 1:42.87 ја извојува првата слаломска победа во сезоната од Светскиот куп. Ова е петти пат во кариерата Пинтуро да биде на почесното место на подиумот. Германецот Феликс Нојројтер беше втор со заостанување од 38 стотинки. Голема шанса за триумф пропушти Австриецот Марсел Хиршер. По првата трка Хиршер имаше најдобар резултат, но не успеа да издржи до крај на исклучително комплексната патека во Венген.
По пет одржани слаломски трки за Светскиот куп, лидер е Марсел Хиршер со 340 бода, пред сонародникот, Австриецот Марио Мат со 250 и Швеѓанецот Харгин со 233. Во генералниот поредок трката за Големиот кристален глобус и натаму е неизвесна. Води Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 757 бода, пред Хиршер со 735. По денешниот успех на третото место се проби Пинтуро со 506 бода.
Во викендот што следува, кулминација на возбудувањата! „Белиот циркус“ се сели во Кицбил. На славната патека Шрајф скијачите ќе влезат во трката со времето во дисциплините супервелеслалом, спуст и слалом. Тоа ќе бидат последните нивни настапи во Светскиот куп во пресрет на Зимските олимписки игри во Сочи.
