Шампионско дерби во СЕХА
Минатата сезона се избегнаа на фајнл фор турнирот одржан токму во Веспрен арена, но доволно се запознаа низ четирите натпревари, по два во Сеха и во групната фаза од елитната европска лига...

Шампионски дуел во СЕХА. Актуелниот против двојниот освојувач на регионалната лига, Две моќни екипи со исти амбиции- освојување на СЕХА и најмалку фајнл- фор во лигата на европските шампиони. Во една од најракометните арени што го носи и името на клубот и градот Веспрем го пречекува Вардар. Минатата сезона се избегнаа на фајнл фор турнирот одржан токму во Веспрен арена, но доволно се запознаа низ четирите натпревари, по два во Сеха и во групната фаза од елитната европска лига.
Унгарците беа поуспешни. Победија дома во Сеха, а и двапети во Лигата на шампионите, дома убедливо со 32-24,но и почувствуваа пораз на мартовското гостување во Јане Сандански кога загубија со 28-21.
Сезонава се во одлична форма. Веспрем е без пораз на 6 Сеха натпревари и со пораз од ПСЖ и реми со Висла на стартот сигурно гази низ А групата во шампионската лига.
Вардар игра топло– студено во регионот,има исто така 6 победи но и два пораза од Загреб на гости и од Мешков дома. Јасно е дека во овој дел на сезоната лигата на шампионите го има приматот, но клуб со високи амбиции не смее да потцени ниту едно натпреварување.
Токму такви најави стигнуваат од Веспрем, не заради евентуално необезбеден пласман на завршниот турнир туку заради фантастична нивната публика пред која едноставно несакаат да губат. Алиловиќ и Наѓ најверојатно ќе бидат во составот, неизвесен е пикерот Нилсен, додека Вардар е сигурно без Стоилов и Деревен, а увидот во здравствената состојба на другите тренерот Гонзалес практични ја направи на аеродромот во Виена каде што по репрезентативната недела вардарци се комплетираа и отпатуваа за Веспрем.
Големото дерби на СЕХА на само неколку дена пред значајните гостувања на Вардар кај шампионот Барселона, а на Веспрем кај Цеље е вечерва од 18 часот со пренос на првиот програмски сервис на македонската телевизија.
