Национална стратегија за млади 2016-2025
Проблемите и предизвиците младите ги преточија во национална стратегија - подобрување на наставните програми, повеќе практика, промоција на политиките за вработување, стимулирање со стипендии, креирање министерство за млади...

Младите кажаа како сакаат да изгледа нивната иднина. Проблемите и предизвиците ги преточија во национална стратегија - подобрување на наставните програми, повеќе практика, промоција на политиките за вработување, стимулирање со стипендии, креирање министерство за млади. Изработена е од 500 млади луѓе, невладини организации и државни институции. Велат, успех ќе има ако сите надлежни дадат еднаков придонес.
Од Агенцијата за млади и спорт очекуваат оваа стратегија да ги вклучи младите во секој аспект од општественото живеење, да добијат подобро образование, култура, спорт и здравство.
До крајот на годината, Владата треба да ја усвои Националната стратегија за млади 2016 – 2025.
Викторија Милевска
