МРТ во Природонаучниот музеј во Вашингтон

19.01.2014 17:35

Каков бил животот на планетата Земја пред 65 милиони години во времето на диносаурусите? Како се одвивала еволуцијата на животот?  Овде во Музејот за природна историја во Вашингтон, најголем од ваков тип музеи во светот, ќе ги најдете одговорите на овие прашања. На огромна површина се сместени инсекти, остатоци од скелети на праисториски животни и диносауруси, животот во океаните и над нив. Единствено место каде што можете да видите поларна мечка и кит, како и колку била голема вилицата на праисториската ајкула.

Каков бил животот на планетата Земја пред 65 милиони години во времето на диносаурусите? Како се одвивала еволуцијата на животот?  Овде во Музејот за природна историја во Вашингтон, најголем од ваков тип музеи во светот, ќе ги најдете одговорите на овие прашања. На огромна површина се сместени инсекти, остатоци од скелети на праисториски животни и диносауруси, животот во океаните и над нив. Единствено место каде што можете да видите поларна мечка и кит, како и колку била голема вилицата на праисториската ајкула. Музејот е енциклопедија за живиот свет на планетава и се занимава и со проблемите за опстанок на одредени раси.

„ Многу китови се загрозен вид. Овој кит чиј модел го гледате овде е претставник на североатлантскиот сив кит. Во природата има само уште 400 вакви китови. Тие се крајбрежни китови крај источниот брег на САД и на Канада и секој од нив има посебни шари на грбот што е единствен како ДНК. Живеат на патот на поморските бродови и честопати гинат во судир со брод или се фаќаат во рибарските мрежи “, изјави Џил Џонсон, експерт за морскиот свет.

Покрај одделот за океани, во Музејот можете да видите и оддел посветен на цицачите, како овој слон. Најпосетуван е одделот со пеперутки. Овде се претставени околу 400 пеперутки од 50-сетина видови од  Америка, Африка, Азија и од Европа.

„Овде имаме некои пеперутки, како синиот монарх што можете да го најдете во Европа, но е познат и во САД. Наш интерес се пеперутки кои можеби нема да ги најдете  во Македонија, туку џиновски пеперутки од Јужна Америка, како алф пепрутката која е една од најголемите видовии“, вели  Ден Бабет, менаџер на павилјонот со пеперутки.

Животот на пеперутките е краток од 4 до 6 недели, па постојано во Музејот се одгледуваат нови и се грижат за растенијата со кои се хранат.

Музејот за природна историја во Вашингтон е единствен музеј во светот каде што можете да видите живи пеперутки.

Ирина Гелевска, постојан дописник на МРТ од Вашингтон