Министерството за здравство и лекарската фела потпишаа Повелба за заштита на правата на лекарите
„Право на заштита на докторот и неговото семејство ако кон него се упатени закани“- претставници на фелата потпиша повелба за заштита на правата. Ќе се стремат во иднина овој документ да стане Закон за докторска дејност. Лекарите велат дека насилство не смее да се толерира, а најмалку врз оние кои спасуваат човечки живот...

Насилство врз здравствените работници кои спасуваат човечки животи не смее да се толерира, став на Лекарската комора. Подолг временски период приоритет е донесувањето на Законот за лекари, во кој посебен акцент ќе биде ставен на заштита на нивните права и обврски.
„Ние како доктори по медицина ќе продолжиме да работиме и да правиме сѐ, нашите граѓани да добијат максимална нега и соодветна здравствена заштита, меѓутоа треба да ни се овозможи тоа да го правиме чесно, достоинствено и безбедно“, рече д-р Кочо Чакаларов, претседател на Лекарска комора.
„Ако е можно за подобрување на односот меѓу пациентите и лекарите да се сними спот во кој лекарот излегува од операциона сала, му приоѓа детенце и му вели: Ви благодарам докторе ми го спасивте животот“, нагласи д-р Горан Димитров, претседател на Македонско лекарско друштво.
Претставници на лекарската фела потпиша повелба за заштита на правата на лекарите. Доверба меѓу лекарот и пациентoт, право на лекарот да одбие спроведување на дијагностика и лекување на пациентите, ако тоа предизвика трајни последици по здравјето на пациентот, но и право на заштита на лекарот и неговото семејство ако кон него се упатени закани. Ова се само дел од начелата кои ги содржи повелбата.
„Право на лекарот на правичен однос кој се заснова на почит и учтивост од страна на пациентите, право на лекарот е да го предупреди пациентот доколку се однесува несоодветно, како и да побара заштита на сооодветен начин, право на утврдување на постоење на лекарска грешка исклучиво преку соодветни постапки од страна на надлежни органи“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Напад врз лекар се смета како напад врз службено лице. Лекарите ќе се стремат во иднина повелбата да се развие во Закон за лекарска дејност. Во Законот за здравствена заштита насилството врз лекар е уредено како кривично дело, а ако при нападот е нанесена повреда, предвидена е затворска казна до 10 години.
Андријана Атанасовска
