Национална конференција

Новинарската етика и медиумските слободи - клучни темели на демократијата

10.11.2015 16:52

Новинарската етика и медиумските слободи се едни од клучните темели на демократијата. Важноста на овие вредности е особено голема кога земјата е во специфична состојба или, пак, за време на избори. Ова беше еден од заклучоците на Национална конференција за новинарска етика и медиумски вредности за време на избори...

„Важно за секоја земја е да се обезбеди правично и избалансирано известување со кое сите политички играчи ќе имаат рамноправна положба на политичкиот пазар. Улога има и државата која мора да обезбеди новинарите да работат во безбедна средина“- ваква порака испрати евроамбасадорот Аиво Орав на Националната конференција за новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори.

Вицепремиерот Бесими, рече дека делот од извештајот на ЕК кој се однесува на медиумската состојба, има јасни препораки и забележа дека е неопходно во наредниот период да се работи во повеќе области.

Во битката за враќање на квалитетното новинарство кое ќе значи и враќање на довербата на јавноста, потребна е силна соработка- велат од Советот за етика во медиумите.

Од Советот за етика велат дека формирањето на нивното тело придонесло за подигнување на стандардите во новинарството. До нив веќе пристигнале над 50- тина жалби. Според нив, неопходно е пред изборите во април медиумите да потпишат документ за професионалност и етика во известувањето.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска