Пониски цени на овошјето и зеленчукот на пазарите
11.11.2015 09:55
Иако подготовката на зимницата е пред крај, на зелените пазари се уште има богата понуда на овошје и зеленчук. Доминираат јаболката кој се со одличен квалитет и со пониски цени од ланските...

Богата понуда на сезонско овошје и зеленчук на зелените пазари. Поради поголемиот род од лани, цената на јаболкото годинава е помала во просек од 6 до 8 проценти.
Најзастапената сорта, Ајдаред се продава по 27,5 денари за килограм.
Намалување има и кај крушите и кај лимонот и тоа од 19, односно 5,6 насто.
Кај зеленчукот, помали цени во однос на октомври лани има кај црвените пиперки, зелката, гравот и кај карфиолот од 6 до 14 проценти.
Методија Трајков
