Уапсени три лица, се обиделе да внесат марихуана од Албанија
11.11.2015 10:10
Полицијата во близина на Тетово при контрола на моторно возило во багажникот открила 3 килограми марихуана...

Полицијата уапси три лица кои се обиделе од Албанија да внесат марихуана во земјава. Кривичната пријава е поднесена против пет лица, од кои две се во бегство.
Полицијата во близина на Тетово при контрола на моторно возило во багажникот открила 3 килограми марихуана.
Запленетата дрога, која била наменета за скопскиот нарко- пазар е предадена на вештачење.
