Саем за вработување: Нови работни позиции во кумановскиот регион

11.11.2015 10:23

Саемот во Куманово ќе се одржува во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, ќе почне во 11 часот, а за посетителите ќе биде отворен до 14 часот...

Куманово е седма дестинација на Саемот за вработување, кој досега се одржа во шест града. На овие манифестации се нудат можности за вработување.

Саемот во Куманово ќе се одржува во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, ќе почне во 11 часот, а за посетителите ќе биде отворен до 14 часот.

Предвидено е во рамките на манифестацијата да се одржи и средба со млади и Форум на работодавачи.