Кризата услови продажба на европски пасоши

19.01.2014 17:43

"Националното државјанство е вратата за влез во ЕУ и за правата што ги уживаат граѓаните на Унијата. А европското  државјанство не смее да биде на продажба –е ставот на Вивен Рединг, заменик-претседателот на комесарот за правда на Европската комисија, по повод  се позачестената појава во некои членки на ЕУ за купување или неоправдано  наградување  со европски пасоши.

Тонски Рединг - Пасошот не е само на хартија или официјален документ. Со него се пренесуваат права и обврски на граѓаните во сите земји-членки на Унијата. Во овој контекст  легитимно е да запрашаме дали граѓански права во ЕУ  треба да завиат од големината на нечиј паричник или банкарска сметка.

Ниту граѓаните во европската престолнина не се позитивно расположени за се позачестената појава на купување европски пасоши.

-Сметам дека државјанството треба да биде достапно за сите, но се ртзбира со одредени правила.Тоа не е производ што можеш да го продадеш или да го купиш. Богатите може да си дозволат да го купат, сиромашните не, а тоа не е фер. Таков пристап не ни е потребен. Неразумно е .

-Сум слушнал за тоа, и  не е добро за Европа.

-Мислам дека тоа треба да биде право, врз основа на одредени закони.

-Не сум запознат со тоа.

Според еврокомесарката Рединг, земјите-членки треба да ги користат  своите прерогативи за доделување државјанство во духот на искрена соработка со другите земји-членки, како и во согласност со критериумот на  јавното меѓународно право. Таа  повика на поголема свесност на државите-членки на Унијата за одлуките што ги носат по ова прашање.

Марина Стојанова Тонева-постојан дописник на МРТ од Вашингтон