Франција: Уапсен терорист што планирал напад во Tулон
Тој бил под надзор цела година поради своите радикални ставови и поради поддршката на џихадистичката доктрина. Станува збор за 25 годишен маж кој и претходно бил затворан и обвинуван за терористички активности...

Министерот за внатрешни работи на Франција соопшти дека е осуетен план на еден радикален исламист да изврши напад на припадници на воената морнарица во пристаништето Тулон.
Тој бил под надзор цела година поради своите радикални ставови и поради поддршката на џихадистичката доктрина. Станува збор за 25 годишен маж кој и претходно бил затворан и обвинуван за терористички активности.
Според сознанијата, уапсениот имал намера да замине во Сирија за да му се приклучи на џихадот, но сепак се решил за напад во Франција бидејќи му бил одземен пасошот.
Меѓудруогото признал и дека бил во контакт со припадник на Исламска држава.
