МВР: За 24 часа издадени 4.444 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.944, Авганистан–1.625, Ирак-496, додека другите се во помал број...

Во последните 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 4.444 странски државјани, од кои 2.324 се од машки пол, 805 се од женски, 1.168 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 147 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.944, Авганистан–1.625, Ирак-496, додека другите се во помал број.
Досега МВР издала потврди на вкупно 234.692 странски државјани, од кои, 140.059 се од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.858 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-148.065, потоа Авганистан-50.341, Ирак-18.465, Пакистан-4.847, Иран-4.670, Палестина-1.958, Сомалија-1.226, Бангладеш-1.065, Мароко-642, Конго-509, Алжир-349, Либан-345, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
