Силен земјотрес во Чиле
11.11.2015 11:23
Според податоците на американскиот геофизички институт, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 400 километри северно од Сантјаго...

Земјотрес со сила од 6,9 степени по Рихтер го погоди Чиле. Според податоците на американскиот геофизички институт, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 400 километри северно од Сантјаго.
Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан соопшти дека потресот не предизвикал опасност од бранови цунами.
