САД: 27 милиони долари за информации за лидерите на Ал Шабаб

11.11.2015 11:34

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека од 2006-та година Ал Шабаб убила илјадници цивили, хуманитарни работници и мировници во Сомалија, Уганда и Кенија...

САД ветија награди од вкупно 27 милиони долари за информации за шесте лидери на сомалиската исламистичка група, Ал Шабаб.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека од 2006-та година Ал Шабаб убила илјадници цивили, хуманитарни работници и мировници во Сомалија, Уганда и Кенија.

Наградите беа понудени еден ден откако сомалискиот премиер Омар Шармарке во ОН изјави дека Ал Шабаб и се заколнала на верност на џихадистичката група Исламска држава.