Нови 28 повредени во две експлозии во Бангкок
Политичките немири во Тајланд повторно еруптираа со насилство при што беа повредени најмалку 28 лица, меѓу кои и еден новинар во две експлозии во кампот на антивладините демонстранти во Бангкок. Седуммина се потешко повредени. Сведоци велат дека експлозиите се случиле една по друга за кусо време. По експлозиите следувала престрелка со напаѓачите.
„По првата експлозија ги видов чуварите како гонат еден осомничен. Една минута потоа одекна и втората. Видов двајца повредени.“- рече очевидец

„Звукот од експлозијата навистина ме исплаши бидејќи беше многу гласен и се случи во непосредна близина до местото каде што живеам.“ - рече очевидец
„Втората бомба падна од покривот на една зграда. Продолжив да трчам и однеднаш почувствував силна болка во главата. Имав мало парче шрапнел од бомбата во глава. Докторите го извадија.“ – изјави повредена жена
Претходно беше убиен еден демонстрант, а 35 лица беа повредени во експлозија на граната, што ги разгоре насилствата по повеќе од 2 месеца. Демонстрантите коишто бараат оставка од премиерката Шинаватра и денеска го продолжија маршот низ земјата. Тие ја обвинуваат Шинаватра која свика избори на 2 февруари, за корупција и за тоа дека е само марионета во рацете да нејзиниот брат, протераниот поранешен премиер Таксин. Врховниот командант на оружените сили упати апел до двете завојувани страни во долготрајната политичка криза во земјата да ги надминат несогласувањата.
Марина Автовска