Турција: Убиени тројца полицајци на границата на Ирак

11.11.2015 12:15

На југоистокот на Турција во изминатите недели се случувале големи судири меѓу курдите и турските безбедносни сили, по двегодишно примирје...

Тројца турски полицајци загинале кога припадници на Работничката партија на Курдистан го нападнале нивниот автомобил во близина на границата со Ирак.

На југоистокот на Турција во изминатите недели се случувале големи судири меѓу курдите и турските безбедносни сили, по двегодишно примирје.

Безбедносни извори изјавиле за агенцијата Ројтерс дека почнуваат голема операција против милитантите на Работничката партија на Курдистан поради нападот врз полицијата.