Ќе се пролонгираат роковите за легализација на дивоградбите

11.11.2015 12:32

Со измените се предлага рокот за поднесување барања да продолжи до 31 март 2016 година, а за оние коишто веќе имаат поднесено барање да можат да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година...

Нова можност за граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти. На последната седница Владата изготви измени на Законот со кој се предлага продолжување на рокот за комплетирање на поднесената документација, како и нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти.

Со измените се предлага рокот за поднесување барања да продолжи до 31 март 2016 година, а за оние коишто веќе имаат поднесено барање да можат да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година.

Целта, според министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е да им се излезе во пресрет на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти.

Првичниот рок за доставување на геодетски елаборати истекуваше на 31 декември оваа година. Досега се доставени 360.000 барања за легализација, од кои за 175.000 се поднесени елаборати, а запишани во катастарот и легализирани се 135.500 барања.