Со „капка по капка“ до поголем принос на пченка
11.11.2015 12:55
Министерството за земјоделство во соработка со УСАИД во сите региони ќе спроведува проект за да се задоволат потребите...

Преку системот „капка по капка“ и подобрените сорти семиња ќе се зголемува производството на пченка.
Министерството за земјоделство во соработка со УСАИД во сите региони ќе спроведува проект за да се задоволат и потребите на млекопроизводителите, но и за да се зголеми производството на бројлери.
Проектот е атрактивен и има интерес кај земјоделците. Лани Македонија увезла 62.000 тони пченка, во вредност од 10 милиони евра.
