Градоначалникот Трајановски се сретна со новиот амбасадор на Холандија во Македонија
На средбата се разговаралоза досегашната соработка на Градот Скопје со амбасадата на Кралството Холандија во Македонија...

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп.
Градоначалникот Трајановски на амбасадорот Воутер Пломп му посакал успешна работа и престој во Република Македонија и Скопје.
На средбата се разговаралоза досегашната соработка на Градот Скопје со амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, која двајцата соговорници ја оценија како одлична и изразија надеж дека истата и понатаму ќе продолжи да се развива.
На средбата се дискутирало и за состојбата и развојот на локалната самоуправа, децентрализацијата и преостанатите предизвици со кои се соочуваат општините во Република Македонија.
