Ристевски со А-норма за Сочи?
Точно 19 дена има до свеченото отворање на Зимските oлимписки игри во Сочи. Македонија речиси сигурно би требало да има и втор натпреварувач што ќе настапи со олимписка А-норма. Алпскиот скијач Антонио Ристевски денеска забележа победа на слаломската ФИС-трка во австриски Турнау и оствари резултат вреден 24,74 ФИС-точки, што е најдобар воопшто досега на некој македонски скијач.

Ако се знае дека вчера беше осми со резултат вреден 33.92 точки, овие дострели би требало да бидат доволни за Ристевски да го зачува местото меѓу најдобрите 500 скијачи на слалом на јануарското рангирање на ФИС, од коешто ќе се селектираат учесниците во Сочи. На последното, тој се наоѓаше на 491.место. За ден-два, А-нормата на Ристевски би можела да биде и официјално потврдена. Со олимписка А-норма во Сочи сигурно ќе настапи крос-кантри тркачот Дарко Дамјановски, додека Б-нормата, која се уште не и гарантира учество на игрите има и Марија Колароска, исто така, натпреварувачка во скијачко трчање.