Дигестивна хирургија следните три дена ќе работи само за итни случаи

11.11.2015 15:01

Директорот Караѓозов изјави дека ресорниот министер Тодоров, со кого оствариле средба, им дал целосна поддршка за одлуката ...

Докторите од Kлиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе оперираат само итни случаи. Според директорот на оваа клиника, д-р Караѓозов, бојкотот е резултат на револтот спрема јавноста, особено кон медиумите поради известувањето за случајот со нивниот колега во кого беше пукано од огнено оружје од страна на синот на пациентката која почина на клиниката.

Директорот Караѓозов изјави дека ресорниот министер Тодоров, со кого оствариле средба, им дал целосна поддршка за одлуката и дека тоа не преставува кршење на Законот за работни односи.