Низа проекти во Музејот на Македонија
Во Музејот на Македонија интензивно се работи на неколку проекти- дел од годишната програма на Министерството за култура. Во централната лабораторија е во тек конзервацијата на два особено значајни уметнички артефакти. Станува збор за резбани врати, кои претставуваат круна на резбата од тој период од Слепчанскиот манастир, кој датира од 16 век и е еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси...

Уредени се депоата во кои се чуваат вредни предмети кои ги поседува Музејот на Македонија. Се уредува и постојаната поставка на историскиот оддел каде што ќе бидат изложени 10.000 предмети. Во централната конзерваторска лабораторија во музејот, стручни лица следејќи ги новите технологии работат на конзервација на разни материјали, како дрво, метал, текстил. Првата фаза од овој проект е завршена со средства од 900.000 денари.
Оваа година се уредени 610 квадратни метри sидна и подна површина од депоата на музејот, сложен и макотрпен процес на работа, рече директорката на Музејот, Нинчовска.
Со новата реконципирана поставка, ќе се привлечат поголем број туристи и наши посетители, вљубеници во уметноста, рече министерката Канческа- Милевска.
Во лабораторијата се прави конзервација на експонати од сите оддели на Музејот. Во тек е конзервација на средновековните икони и заштита на вратите на Слепчанскиот манастир од 16 век, изработени во уникатна резба како и конзервација на преспанскиот Дрвен чун – уникатен предмет, кој ќе биде изложен во етнолошкиот оддел.
Александра Перевска
