На Дигестивна до петок ќе се оперираат само итни случаи
Докторите од Клиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе оперираат само итни случаи...

Докторите од Дигестивна до петок ќе оперираат само итни случаи. Другите ќе ги пренасочуваат во старата Градска болница и во „8-ми Септември“. Според директорот на клиниката, Караѓозов, бојкотот е резултат на револтот спрема јавноста, особено кон медиумите поради известувањето за случајот со нивниот колега во кого пукаше син на пациентката која почина на клиниката.
На средбата со лекарскиот колегиумот, ресорниот министер Тодоров им дал целосна поддршка за одлуката. Поради сериозноста на криминалниот чин, министерот смета дека со право докторите се револтирани. Најважно е, смета министерот, да се смири состојбата и да се создадат услови за нормално функционирање, а ниту еден пациент да не трпи поради тоа.
На состанокот се разговарало и за евентуално активирање на камери заради поголема безбедност.
Фиљана Кока
