Предлог- законот за амнестија влезе во собраниска процедура

11.11.2015 16:52

Власта се сомнева во спрега меѓу СДСМ и Мери Николова за нејзиниот предлог-закон за амнестија бидејќи за кусо време собрала 11 илјади потписи. Опозициската партија дава подршка. Според мнозинството, постојат многу ризици со амнестирање голем број затвореницим меѓу кои и осудени за убиство, за силување, дилери на дрога...

Предлагачот на законот, Мери Николова вели дека главен мотив за амнестија бил пренатрупаноста на затворите што негативно се одразувало на дообразувањето на затворениците. Предлогот предвидува преполовување на затворските казни на 3.500 осуденици, меѓу нив педофили, дилери на дрога, убијци.

Од ВМРО–ДПМНЕ се сомневаат во политичка спрега меѓу предлагачот и опозицијата бидејќи за кусо време се собрани 11 илјади потписи. Социјал- демократите ќе го поддржат предлогот.

Според мнозинството, постојат ризици со амнестирање голем број затвореници.

Според анализите, јавната безбедност ќе се загрози ако законот ги мине собраниските филтри. Во таков случај на слобода би биле извршители на тешки кривични дела: 27 осудени за убиство, 29 осудени за силување, 14 осудени за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, 6 осудени за обљуба на немоќно лице, 400 дилери на дрога, 1.634 лица осудени за тешки кражби.

Комисиската расправа за предлог- законот продолжува.

 

Миле Ристески