ЕУ ќе одвои 9,2 милијарди евра за справување со имигрантите

11.11.2015 17:34

Мимица, кој престојува во посета на Нигер, нагласи дека овие средства ќе бидат наменети за изградба на центри во кои ќе бидат прифаќани и регистрирани имигрантите и на кампови за нивно сместување, како и за помош на земјите од каде доаѓаат бегалците и на државите низ кои тие транзитираат...

Европската унија во следните години ќе издвои 9,2 милијарди евра за справување со проблемот со имигрантите, како во рамки на ЕУ, така и надвор од нејзините граници, соопшти денеска во Њамеј еврокомесарот за меѓународна соработка Невен Мимица, јави ТАСС.
 
Мимица, кој престојува во посета на Нигер, нагласи дека овие средства ќе бидат наменети за изградба на центри во кои ќе бидат прифаќани и регистрирани имигрантите и на кампови за нивно сместување, како и за помош на земјите од каде доаѓаат бегалците и на државите низ кои тие транзитираат. 
 
Тој истакна дека целта на помошта од т.н. трет миграциски пакет на ЕУ, наменет за трети земја, е да се засили конторлата на нивните граници и да се создадат услови за сместување на имигрантите на нивна територија, со цел да се намали имигрантскиот прилив во Европа.