Преку Грција во Катар, зашто да не !?
Репрезентацијата на Грција е еден од можните противници на македонската ракометна репрезентација во бараж-натпреварите за учество на Светското првенство во Катар на почетокот на 2015. Со пласманот во втората фаза на Европското првенство во Данска, нашата селекција доби привилегиран носителски статус во пресрет на ждрепката за баражите што ќе биде извлечена во Хернинг на 26 јануари, односно на последниот ден пред почетокот на борбите за медали.

Покрај Грција, можни противници за нашата селекција ќе бидат трите најлошо рангирани селекции на Европското - Норвешка,Чешка и Црна Гора, како и оние коишто низ квалификациите обезбедија настап во плеј-оф мечевите: Романија, Босна и Херцеговина, Литванија, како и селекциите коишто сигурно би сакале да ги избегнеме, Германија и Словенија.
Хернинг, Зоран Видевски
Специјален известувач на МТВ