Прв дипломатски форум на ЦЕИ во Скопје
На форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи Никола Поповски, како и директорот на Дипломатската академија при МНР, Аделина Марку и заменик генералниот секретар на Централната европска иницијатива, Ерик Черновиц....

Прв дипломатски форум на Централноевропската иницијатива ќе се одржи денеска во Скопје во рамките на македонското претседавање со ЦЕИ. На форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи Никола Поповски, како и директорот на Дипломатската академија при МНР, Аделина Марку и заменик генералниот секретар на Централната европска иницијатива, Ерик Черновиц, соопшти МНР.
На синоќешното свечено отворање се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој порача дека земјите од регионот и од Централна и Источна Европа се соочуваат со бројни предизвици, а решенијата за справување со нив треба да се бараат во регионалната соработка и регионалните иницијативи.
