Закуп на оранжерии за производство на расад

12.11.2015 10:23

Објавен е огласот за давање под закуп на две површини за изградба на оранжерии за расад за градинарски култури. Парцелите се наоѓаат во Богданци и во Струмица...

На оглас се нуди државно земјоделско земјиште од 4 хектари во Богданци и 22 во Струмица. Можат да конкурираат физички и домашни и странски лица правни со изготвена програма или бизнис план.

Понудувачите треба да изградат оражерија за производство на сертифициран саден материјал за градинарски култури  на најмалку 20 милиони садници, со минимална инвестиција од три милиони евра во рок од четири години.

Изборот на најповолен понудувач е по пат на електронско јавно наддавање, а рокот за поднесување на документите е 30 дена од објавувањето на огласот од 4 ноември.

 

Методија Трајков