Прегазен пешак во Чаир

12.11.2015 10:35

Пешакот, кој бил од Велес, по несреќата на улица „Вуковарска“ итно бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, но им подлегнал на повредите...

Изутрината пешак загина во скопската населба Чаир откако откако во него удрило возило  „Опел астра“ со скопски регистарски таблички.

Пешакот, кој бил од Велес, по несреќата на улица „Вуковарска“ итно бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, но им подлегнал на повредите.

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле уште 14 сообраќајки од кои четири завршиле со полесни телесни повреди кај тројца возачи, двајца сопатници и еден возач на мопед, додека девет се со причинета материјална штета.