Премиерот Груевски во посета на Охрид
12.11.2015 10:46
Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Охрид каде што ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на затворен базен во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“...

Во Охрид почнува изградбата на затворениот базен, почеток што ќе биде означен од премиерот Груевски и од градоначалникот Бакрачески.
Претседателот на владата ќе ја посети и Филмската академија која што неделава почна со работа, а на која што предаваат врвни професори од познатата Чешка школа за филм и монтажа.
Во Охрид и охридско предвидени се и средби со жителите, а ќе изврши увид и во градежните активности за изградба на автопатот Кичево-Охрид.
