Берлин да одговори на обвинувањата за прислушувањето на БНД

12.11.2015 11:20

Медиумите објавија дека од 2012-та година ги следела комуникациите и на францускиот министер за надворешни Лорен Фабиус...

Владата во Берлин треба да одговори на обвинувањата дали германската разузнавачка служба БНД прислушувала дипломати од земјата и од целиот свет, министри, германски дипломати, но и претставници на хуманитарни организации.

Поради сложеноста на предметот во моментов не можам да дадам проценка, но оперативната група ќе отвори истрага и потоа ќе имаме повеќе информации, рече Андер Хан, претседателот на Комисијата за контрола на парламентот.

Медиумите објавија дека од 2012-та година ги следела комуникациите и на францускиот министер за надворешни Лорен Фабиус.