Генерален штрајк во Грција

12.11.2015 11:23

Работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк...

Грција е под блокада. Работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк. Затворени се сите владини институции, болниците работат со минимум персонал, јавниот превоз е сведен на минимум, а железничкиот, бродскиот и авиосообраќајот се во прекин.

Двата најголеми синдиката повикаа на штрајк поради промените во пензиско осигурителниот систем, мерките за зголемување на даноците и поради намалувањето на пензиите, што е дел од пакетот штедење на којшто се обврза Атина.