Водици
И Македонците од Албанија скокаа по крстот
20.01.2014 08:49
Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија каде што живеат Македонци вчера беше прославен православниот празник Водици.
Во селата од Мала Преспа, традиционално крстот се фрлаше во водите на Преспанското Езеро, пренесува весникот „Македониум“.
На церемонијата на фрлањето на крстот во Пустец присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов.

Ниту студената вода, ниту студеното време не ги спречија македонските верници да се фрлат по крстот во водите на Преспанското Езеро.