Пожар на падините на Караџица
12.11.2015 11:48
Гори мешана шума на непристапен терен, а пожарот се заканува да зафати поголема шумска површина...

Пожар од изутрината беснее на падините на Караџица, над селото Дејковец во општина Зелениково. Гори мешана шума на непристапен терен, а пожарот се заканува да зафати поголема шумска површина.
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека по барање на општина Зелениково, од 9 часот се активирани два противпожарни авиона. Екипи на ДЗС се на терен и ја следат состојбата.
