Самит на лидерите на ЕУ и Африка во Малта, бараат решение за мигрантите

12.11.2015 11:55

Лидерите од двата континента се обидуваат да најдат решение за репатријација на мигрантите...

Дводневен самит на лидерите на 60 земји од Европската Унија и од Африка во главниот град на Малта, Ла Валета. Главна тема на средбата се економските и безбедносните проблеми кои ги предизвикуваат бегалците од Блискиот Исток и Африка.

Лидерите од двата континента се обидуваат да најдат решение за репатријација на мигрантите. Европската Унија понуди помош од милијарда евра на африканските земји, додека директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард ги повика богатите земји да вложат повеќе и да помогнат во кризата со бегалците.

Во меѓувреме е напнато на Словенечко-хрватската граница, откако почна изградбата ограда од бодликава жица долга 80 километри.