Охрид ќе добие затворен базен
Инвестицијата е вредна околу пет милиони евра, а треба да заврши за 30 месеци. Објектот ќе има два базени, фитнес клуб, продавница за спортска опрема, комерцијален и административен простор...

Изградбата на затворениот базен во Охрид е едно од децениските барања на жителите на Охрид кое низ годините беше тема на разни политички манипулации и шпекулации. Многумина ветуваа, многумина ќе го градеа овој базен, но реалноста е таа. Нашиот најголем град кој излегува на Охридското Езеро, градот со огромен број пливачи и љубители на водните спортови никогаш во минатото не добил затворен пливачки базен. Таквата реалност конечно се менува. Ние ветивме и за разлика од другите не заборавивме на ветеното. Зборот си е збор и ние држиме до зборот. По тоа сме и препознатливи кај народот- истакна премиерот Никола Груевски денеска во Охрид, означувајќи го почетоткот на изградабата на затворен базен во спортско- рекреативниот центар „Билјанини извори“.
Инвестицијата е вредна околу пет милиони евра, а треба да заврши за 30 месеци. Објектот ќе има два базени, фитнес клуб, продавница за спортска опрема, комерцијален и административен простор, кафетерија, спа и велнес центар и голем подземен магацински простор.
Ќе се гради по стандарди и технологија за градење базенски корита која досега не е применета на ниту еден ваков објект во Македонија, а ќе биде и енергетски ефикасен со инсталирана соларна опрема и геотермални пумпи кои ќе го направат неговото користење во зима поевтино.
