Генералниот штрајк- тест за Ципрас
Работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк, прв од формирањето на владата на премиерот Ципрас во јануари. Затворени се сите владини институции, болниците работат...

Грција застана- работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк, прв од формирањето на владата на премиерот Ципрас во јануари. Затворени се сите владини институции, болниците работат со минимум персонал, учениците останаа дома, јавниот превоз е сведен на минимум, а железничкиот, бродскиот и авиосообраќајот се во прекин. И новинарите се приклучија на бојкотот. Порталите не се ажурираат, а печатените медиуми не се продаваат.
„Штрајковите како бумеранг ќе им се вратат на работниците, но има моменти кога мора да се реагира. Сега е времето. Доста ни е веќе од даноци“, изјави Јоанис Николаидис, вели жител на Атина.
Двата најголеми синдиката повикаа на штрајк поради промените во пензискот-осигурителниот систем, мерките за зголемување на даноците и поради намалувањето на пензиите, што е дел од пакетот штедење на којшто се обврза Атина. Се бориме против владините мерки кои не враќаат во средниот век, ќе реагираме против сите мерки за штедење, изјави еден од синдикалните лидери.
„Неизвесноста и несигурноста доминира во земјата. Стандардот е лош“, вели жителка на Атина.
Аналитичарите велат дека штрајкот е тест за Ципрас, кој вети дека ќе ги намали мерките за штедење, а потоа ги прифати „непопуларните“ услови за да го добие третиот пакет помош од 86 билиони евра од меѓународната заедница.
Грција сеуште ја оддолжува приватизацијата на јавниот капитал и претпријатијата, што е едно од клучните барања на тројката. Во средиштето на вниманието сепак кај Европа доминира мигрантската криза.
Марија Петковска
