Презентација на огласот за обука на пилоти
Можат да се пријават млади луѓе до 28 години со завршено високо образование...

Во Агенцијата за вработување се презентираа условите за учество на јавниот оглас за обука на шестатата генерација во Центарот за пилоти. Можат да се пријават млади луѓе до 28 години со завршено високо образование.
Огласот е постојано отворен и на него се поставени соодветни критериуми како физичка подготвеност, здравствена состојба, познавање на англиски јазик и други критериуми кои подоцна ќе бидат проверени од стручните лица од Центарот за обука на пилоти по што ќе се изврши изборот. Најбитно е пријавените кандидати да се млади луѓе на возраст до 28 години, да имаат завршено високо образование и да се државјани на Република Македонија, изјави државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова пред презентацијата.
Претставници од Центарот зборуваа за проверките и тестирањата кои се прават, за обуките, како и за можностите за вработување по завршувањето на обуките. Пресекот на кандидати ќе се прави до 18 декември.
