НБРМ го ревидираше растот на економијата на 3,2%
12.11.2015 14:54
Главни причини за ревизијата на проекцијата според Централната банка се полошите изгледи во надворешното окружување, особено кај пазарот на метали и повисоката незивесност во домашната економија...

Македонија ќе ја заврши 2015-та со солиден раст на БДП од 3,2%, помал од очекуваниот. Главни причини за ревизијата на проекцијата според Централната банка се полошите изгледи во надворешното окружување, особено кај пазарот на метали и повисоката незивесност во домашната економија.
За в година се прогнозира 3,5% раст, а за 2017-та 4%. Гувернерот Богов најави можност Народна банка да испрати сигнал, комерцијалните банки в година да го заострат потрошувачкото кредитирање и да се насочат повеќе кон станбеното и кредитирањето на фирмите.
