Египет: Девет лица загинаа во експлозија на бомба

12.11.2015 15:15

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот...

Девет членови на едно семејство загинаа, меѓунив и две деца при експлозија на автомобил бомба кој бил стациониран пред станбена зграда во близина на полициска станица на Синајскиот Полуостров.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот. Во меѓувреме египетските власти спроведуваат антитерористичка операција против организацијата Ансар Беит Магдиш, која е формирана откако беше тргнат од власт претседателот Мубарак, а на која главна цел и е да ја смени актуелната власт.