Груевски: Отпишани 30 милиони евра долгови на граѓаните

12.11.2015 16:15

Со отписот на долговите, реализирано е уште едно ветување од страна на Владата, изјави премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на Охридско...

Отпишани се долгови во вредност од 30 милиони евра, со што е исполнето уште едно предизборно ветување, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски.

„Тоа беше наше предизборно ветување во период во кој завршуваше европската должничка криза на која и претходеше светската глобална криза и тогаш решивме дека на најранливите категории на граѓани кои ги ставивме во различни категории треба да им се помогне. Во таа криза сите имавме проблеми. Меѓутоа најранливите категории на граѓани имаа најмногу проблеми и многу од нив ги зголемија личните доглови. И затоа во изборите излеговме со ветување и со проект дека ќе им овозможиме отпис на долговите по различни основи на различни категории граѓани, кои беа детално напишани и во нашата предизборна програма и потоа пресликани во законите.  Тој процес можам да кажам дека веќе заврши и дека 30 милиони евра долгови на граѓаните на Македонија се отпишани, односно државата презема да ги отплати во договор со субјектите од кошто им ги отпишаа долговите“, изјави Груевски.

Со отписот на долговите, подвлече премиерот, реализирано е уште едно ветување од страна на Владата.