Брисел задоволен од изборот на преодната Влада
12.11.2015 16:33
Според Брисел, овој чекор е во насока на надминувањето на политичката криза...

Европската комисија изрази задоволство од изборот на преодната владата во македонското Собрание, што е во согласност со Договорот од Пржино. Според Брисел, овој чекор е во насока на надминувањето на политичката криза.
„Знаете многу добро дека бевме повеќе од јасни во инсистирањето за имплементирањето на политичкиот договор што беше олеснуван од страна на комесарот Хан преку летото. Сите чекори во оваа насока се нешто што е потребно во насока на остварување на договореното“, изјави портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич.