Изградбата на автопатот Охрид – Кичево согласно утврдената динамика

12.11.2015 16:21

Премиерот Груевски во рамки на посетата на охридскиот регион изврши увид во изградбата на автопатот, кој во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра...

Градежните активности на автопатот Охрид- Кичево се одвиваат согласно утврдената динамика. Премиерот Груевски во рамки на посетата на охридскиот регион изврши увид во изградбата на автопатот, кој во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра.

„Речиси е пробиена целата траса, еден дел почна да се асфалтира како што може да се види на лице место. Планот е накаде до крајот на следната 2016 година дел од автопатот да биде завршен. Осумнаесет километри веќе да бидат пуштени во употреба додека останатиот дел ќе се заврши во предвидениот рок од четири години“, рече премиерот Груевски.

Најави дека наскоро се планира уште една делница на автопат од Требеништа до Струга, која ќе почне со изградба некаде кон средината на 2016 година, а време ќе отпочне и изградбата на експресниот пат од Охрид до Пештани, сообраќајница што во моментов се проектира и за која се обезбедува потребната документација.

Во моментов се пробиени околу 77 проценти од трасата на автопатот Охрид - Кичево. На градилиштето се ангажирани 1.190 работници, со механизација од 661 камиони и машини.