20 години постоење на Центарот за податоци и информации на ЕУ

12.11.2015 17:55

Дваесет години постоење одбележа Центарот за податоци и информации на ЕУ кој од 1995 година работи во состав на Економскиот факултет во Скопје. Во двете децении работење, Центарот има интензивна соработка и поддршка од делегацијата на ЕУ во Скопје во организирање работилници, семинари и други активности. Економскиот факултет, пак, одбележа 65 годни постоење...

„Европската унија како глобален актер во екологијата“ - прва награда за темата на студентката Сара Симоновска од Економскиот факултет. Наградата ја доби на конкурсот за одбележување на 20 години од постоењето на Центарот за податоци и информации на високобразовната институција. 

Одбележувањето на јубилејната година за центарот се совпадна со уште една годишнина, 65-та, од основањето на Економскиот факултет.

Инфо-катчиња има и на универзитетите во Битола и во Тетово. „Тие се нашите очи и уши во комуникацијата за функционирањето на институциите на Европската унија и процесот на европска интеграција“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.

Центарот ги собира сите релевантни и достапни материјали за ЕУ, има над 1.500 публикации и повеќе од 10.000 периодични објави публикувани од европските институции и организации на унијата.

 

Ана Јосифовска- Тодоровска