Во заедничка европска акција уапсени 17 џихадисти

12.11.2015 18:01

Италијанската полиција соопшти дека се уапсени седумнаесетмина кои се сомничат дека биле дел од меѓународна терористичка група и планирале терористички напади во повеќе земји...

Голема координирана меѓународна акција во повеќе европски држави. Италијанската полиција соопшти дека се уапсени седумнаесетмина кои се сомничат дека биле дел од меѓународна терористичка група и планирале терористички напади во повеќе земји.

Шестмина се уапсени во Италија, четворица во Велика Британија, а тројца во Норвешка.

Според полициски извори осомничените се вратиле од Сирија и Ирак.