Спасовски: Престануваат да важат овластувањата на раководните лица во МВР
Извори од Mинистерството велат дека со ова целосно се парализира работењето на МВР, и додавааат дека е во спротивност со Законот за владата, усогласен на средбите во Kлубот на пратениците...

Само 24 часа од поставувањето на функцијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера доцна попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат да важат сите пренесени овластувања од претходните министри.
Извори од Mинистерството велат дека со ова целосно се парализира работењето на МВР, и додавааат дека е во спротивност со Законот за владата, усогласен на средбите во Kлубот на пратениците.
Преку социјалните мрежи се огласи и поранешната министерка за внатрешни Јанкулоска. Со ваквата одлука се доведени во прашање функциите на државата, напиша на Tвитер, Jанкулоска.
Ваквиот потег на новиот министер доаѓа само неколку дена откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја уверуваше јавноста дека нивната цел е само контрола на работењето на Mинистерството за внатрешни работи.
