Над 3.700 земјоделци го осигураа своето производство

13.11.2015 10:15

Повеќе од 3.700 земјоделци годинава го осигураа своето производство што е зголемување за 63 проценти од лани. Државата субвенционира 60 отсто од полисите за осигурување...

До крајот на август беше пријавувањето за субвенции oд 60 проценти од вредноста на полисите за осигурување на земјоделското производство. Земјоделците поднеле 3.780 барања, што е зголемување за 63 отсто во однос на лани.

Годинава издвоените средства за оваа финансиска поддршка изнесуваат 181 милиони денари.

На земјоделците им се нуди и ново земјоделско осигурување за пченицата, јачменот и винското грозје од сите временски непогоди, односно од суша, поплава, мраз, поројни врнежи и од град.

Главната карактеристика на ова осигурување е автоматска исплата на штетата, без теренска проценка.

 

Методија Трајков