Попоски на министерска конференција на земјите од Вишеградската група и Западен балкан

13.11.2015 10:28

Како специјални гости на конференцијата учествуваат и потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс и министерот за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд...

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски учествува на министерската конференција на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, што се одржува во Прага под покровителство на чешкото Министерство за надворешни работи, актуелен претседавач со Вишеградската група.

Како специјални гости на конференцијата учествуваат и потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс и министерот за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд.

Главни теми се миграцијата, проширувањето и регионалната соработка, а предвидено е и потпишување на основачките документи на фондот за Западен Балкан.