Операционите сали на дигестивна хирургија и денеска затворени, освен за итните случаи
Праксата покажува дека дел од она што го бараат лекарите е веќе преточено во законите, велат здравствените власти. Со Повелбата што министерството ја донесе заедно со Лекарската комора и со Македонското лекарско друштво, ќе има и Закон за докторската дејност...

Лекарите со поддршка за нивниот колега, кој пред четири дена беше повреден со огнено оружје на Клиниката за дигистивни болести. Побараа поголема соработка со здравствените власти, подобрување на своите позиции во општеството и поголем квалитет во лекувањето на пациентите.
Операционите сали на дигестивна хирургија, и денеска се затворени, освен за итните случаи. Праксата покажува дека дел од она што го бараат лекарите е веќе преточено во законите, велат здравствените власти.
Со Повелбата што министерството ја донесе заедно со Лекарската комора и со Македонското лекарско друштво, ќе има и Закон за докторската дејност.
Во правилникот за хоспитална култура, пак, им е загарантиран правичен однос и почит од странa на пациентите, велат од Министерството за здравство.
